Екипата на Интер Мајами се враќа на победнички пат, а Лионел Меси повторно во главна улога.
По кратка резултатска криза, Интер Мајами покажа дека повторно е сериозен кандидат за врвот во МЛС лигата. Тимор од Флорида убедливо го совлада Колумбус Кру со 5-1, во натпревар во кој блесна Лионел Меси.
Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси игра како во најдобрите денови. Тој постигна два гола и асистираше на другите три, директно учествувајќи во сите пет погодоци на својот тим.

Кога Меси е во „елемент“ Интер Мајами победува
Меси го отвори својот спектакл со асистенција за Тадео Аљенде во 13-тата минута, а само неколку моменти подоцна сам ја затресе мрежата со гол во 15-тата минута. Во 24-тата, со уште еден прецизен удар, го зголеми водството на Мајами на 3-0. За Аргентинецот тоа беше десеттиот гол сезонава, што го носи на третото место на листата стрелци во лигата.
Неговиот придонес не заврши тука, па во 64.минута, Меси беше клучен во акцијата за голот на Луис Суарез. Вечерта ја заокружи со асистенција за Фафа Пико во 89-тата минута.
Мајами со втор триумф по ред – самодовербата се враќа
Со оваа победа, Интер Мајами ја запиша втората победа по ред и повторно изгледа како екипа која може да се бори за трофеј.
Интер Мајами во следното коло се соочува со директен конкурент за плејоф – натпревар кој може да ја дефинира динамиката на Источната конференција во продолжението на сезоната.