Со победа и пораз женската одбојкарска репрезентација на Македонија го заокружи првиот од трите турнири во Европската Сребрена лига.
Македонските одбојкарки прво го совладаа Луксембург убедливо со 3:0, но во вториот меч беа надиграни од Швајцарија.
Противничките ја потврдија фаворитската улога уште во првиот сет во кој препуштија само седум поени (25:7). Така беше и во следните два кои Швајцарките ги добија со 25:16 и 25:6.
Нова шанса за радост во Македонија ќе бара следниот викенд кога на Фарски Острови го игра вториот турнир.
Првиот натпревар македонските одбојкарки ќе го играат против домаќинот на 6 јуни (петок), а ден подоцна (сабота – 7 јуни) за противник ја имаат и Австрија.





































