Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година попладнево ќе го одигра вториот пријателски натпревар против врсниците од Косово.
Пред два дена во Приштина овие две селекции одиграа натпревар без голови 0-0. Денеска репрезентацијата предводена од селекторот Горан Станиќ ќе има нова можност за докажување.
Овојпат пред својата публика во Скопје, на теренот „Петар Милошески“ крај ФФМ, македонските младинци ќе го играат вториот меч против Косово.
Пријателскиот натпревар меѓу младинците на Македонија и Косово ќе почне во 15 часот.




































