Екипите на Ѓорче Петров и на Чаир попладнево од 16 часот ќе играат во финалето на женскиот Куп на Македонија во ракомет. Воедно ова е реприза на ланското финале во Ѓорче Петров успеа да го освои Купот на Македонија.
Во вчерашните полуфинални дуели Ѓорче Петров беше убедлив против Вардар и славеше победа со 39:18. 
Во многу понеизвесен натпревар Чаир го совлада конкурентот Металург Автокоманда со 22:20, пред се благодарение на 10-те одбрани на Катарина Митровиќ, од кои најголемиот дел беа „зицери“ за ракометарките на Металург Автокоманда.
Ракометарките Ѓорче Петров ќе атакуваат на 18-тиот трофеј во ова натпреварување, додека Чаир ќе се обиде да стигне до првиот трофеј во клупската историја.
Во меѓусебните дуели оваа сезона во првенството првакот Ѓорче Петров има скор од 4:0 во победи против Чаир.
Финалниот натпревар може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
 
             
		