Завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција денеска ќе се одржува во Охрид. За освојување на трофејот амбиции имаат сите четири учесници на завршниот турнир.

Пехарот го брани Алкалоид, екипа која лани на завршниот турнир во два драматични натпревара ги победи големите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер.

Оваа година новина на завршницата е само учеството на домаќинот Охрид, екипа која исто така благодарение на домашниот терен има свои амбиции за пласман во финалето, а и за освојување на пехарот.

За другите две екипи Е.Пелистер и Вардар едноставно се освен пласман во финалето може да се оцени како неуспех. Затоа возбудувањата се загарантирани се очекуваат неизвесни дуели.

Во првото полуфинале од 17 часот играат Вардар и Алкалоид, додека во второто полуфинале од 19:30 часот е дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид. Натпреварите се играат во СЦ „Билјанини извори“.

Победниците од денешните дуели ќе играат во утрешното финале кое почнува во 17:30 часот.

Натпреварите може да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ и низ ТВ преноси на МРТ