Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со победа од 3-0 над Луксембург ги стартуваше натпреварите од Европската Сребрена лига на ЦЕВ.

Во салата ,,Парк,, во Струмица пред домашна публика нашите одбојкарки пружија одлична игра во сите три сета и не дозволија никакво изненадување од гостинките од Луксембург.

Македонија славеше со 3-0 по сетови (25-16, 25-19 и 25-14) за прва историска победа во Европската сребрена лига на ЦЕВ.

Во нашите редови најдобра беше Терзиевска со 14 поени, Фасулева даде 9, Павловска 8, а Стојанова 7 поени.

Утре (31 мај) нашите одбојкарки се слободни, додека Луксембург игра со Швајцарија од 20 часот.

На последниот ден од турнирот (1 јуни – недела), во истиот термин од (20 часот), Македонија ја пречекува Швајцарија.

Натпреварите од првиот турнир од Европската Сребрена лига на ЦЕВ одат низ директен телевизиски пренос на МРТ.

Потсетување дека и на третиот турнир македонските одбојкарки ќе играат на домашен терен во Струмица.

Претходно вториот турнир ќе се одиграа на Фарски Острови од (6-8 јуни), каде за противници покрај домашната селекција ќе ја имаме и репрезентацијата на Австрија.