По 13 години, екипата на Оклахома Сити Тандер стигна до големото финале на НБА, станувајќи шампион на Западната конференција.

На Оклахома потребни ѝ беа пет натпревари во серијата против Тимбервулвс за да стигне до тоа. Тандерс фа заокружија финалната конференциска серија со 4:1 во победи, и тоа на импресивен начин.

Дури 30 поени ги делеа Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс во петтиот натпревар кој Оклахома го доби со 124:94.

Како што се очекуваше, МВП-то на сезоната Шаи Гилгиус-Александер, беше најдобар играч на со 34 поени на кои додаде по седум скока и осум асистенции.

Во големото финале, Тандер гза титулата ќе играат шампионот на истокот. За тој примат се борат Индијана Пејсерс и Њујорк Никс, а Пејсерси имаат предност од 3:1 во победи. Ноќеска (2 часот по полноќ) овие два тима ќе го играат петтиот натпревар во Њујорк.