Ракометарите на Алкалоид раководството на тимот, но и целата македонска спортска јавност со нетрпение ја чекаат одлуката на ЕХФ.
Европската „куќа“ на ракометот, засега сеуште без официјален став и одлука, за не одиграниот реванш финален дуел во Европскиот куп во Скопје.
Скандалот што го направи раководството на грчкиот АЕК, кога реши да не го одигра натпреварот. Ова е преседан, не само во ракометот, туку и воопшто во светот на спортот.
Беше најавено дека денеска ЕХФ ќе донесе одлука за овој скандал, но засега од седиштето на Европската ракометна федерација, засега молк.
Најрелевантните познавачи на ракометот, едногласни, Алкалоид треба да го добие мечот, а со тоа и трофејот во ова европско натпреварување.
Сепак, неизвесноста продолжува, па ќе се чека конечниот збор од ЕХФ.





































