Машката младинска репрезентација на Македонија, летово ја чека настап на Светското првенство во Полска за ракометари до 21 година.
Селекторот на , Радослав Стојановиќ денеска го објави новиот, скратен списокот на играчи кои ќе претендираат за место во репрезентацијата и настап на Мундијалот.
Македонските ракометни надежи ќе настапуваат во групата Ф во Катовице. Во неа за противници ќе ги имаат врсници од Исланд, Фарски Острови и Романија. Шампионатот ќе се игра од 18 до 29 јуни во Катовице, Плоцк, Келце и Сосновиец.
Првата прозивка Стојановиќ ќе ја направи на 8 јуни, во 12:00 часот пред просториите на РФМ. Оттаму националниот тим заминува за Маврово каде ќе одржат последните подготовки.




































