Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го дели само една победа од нова титула. МЗТ и по втотр пат беше подобар од ТФТ во финалето на плеј-офот и поведе со 2:0 во победи/
Во дуелот во „Јане Сандански“ напредоци во вториот дел го скршија отпорот на ТФТ и славеа со 87-82.
Гостите од Тафталиџе одиграа многу подобро од првиот меч, а денеска особено во првото полувреме. Во него исклучок еднаш, ТФТ постојано имаше предност, а најголемата со 11 разлика на стартот на втората четвртина. На полувремето ТФТ замина со три разлика (39-42).
Во вториот дел, гостите за последен пат водеа со 45-46, по што следуваше серијата на МЗТ од 11-0 за водство од 56-46. Имаше шампиони и најголеми 16 поени разлика, а во финишот ТФТ успеа да го ублажи поразот на -5 (87-82).
Четворица кошаркари на МЗТ имаа двоцифрен број на поени, а најефикасен со 24 беше Едвин. Крстевски постигна 17, Војдан Стојановски 13, а Маслинко 11 повоени. Во противничката екипа Браун постигна 25 поени од кои 18 во првото полувреме. Хатон и Ташковски реализираа по 15, а два помалку имаше Зафиров.
Сега серијата се сели во СЦ „Кале“ каде треба да се играат два натпревари, се разбира доколку тоа е потребно. МЗТ веќе во следниот закажан за во четврток (29 мај) има шанса за нова шампионска титула.