Екипата на Маџари е шампионот во Втората македонска кошаркарска лига. Во финалето на оваа конкуренција кошаркарите на Маџари го совладаа составот на Ангели со 79-67и уште еднаш потврдија дека со право беа најголемите фаворити.

Иако двете екипи со самиот пласман во финалето си обезбедија прволигашки статус, сепак борбата не изостана. Искуството пресуди во решавачките моменти па Маџари заслужено се радуваше.

Она што импонираше е посетеноста на овој натпревар. Салата во ОУ „Наум Наумовски Борче“ беше претесна да ги собере сите љубители на кошарката.

Домаќините навистина се потрудија и заслужија најголема оценка за организацијата и спектаклот што го приредија.

Сето тоа можеа да го видат новиот претседател на КФМ, Томица Глaвчев и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Љубителите на кошарката презадоволни од прикажаното, а особено од триумфот на нивниот локален тим.

Ваквите слики се надеваме дека ќе бидат и дел од натпреварите во Првата лига следната сезона, во која тимот на Маџари ќе има што да покаже.

FOTO: MATEJCO