Ракометарите на Алкалоид ги делат 60 минути од историски успех, освојување на трофеј на европската сцена.
Со победата на првиот финален меч со АЕК во Атина, сега Алкалоид на домашен терен има предност од четири гола и и голема поддршка од трибините.
Тренерот Кирил Лазаров, верува дека неговите избраници повторно ќе го дадат најдоброто од себе, како што тоа беше во Атина.
„Одигравме еден одличен натпревар во Атина. Слободно можам да кажам, резултатски за мене и неочекувано. Имавме одличен резултат од плус четири голови разлика и момците стварно беа навистина задачата она што го договаравме го исполнија.
Мислам дека со голема предност влегуваме во разнаваш во недела.
АЕК од една страна не потцени во првиот натпревар и не верувам дека тоа пак ќе го стори.
Верувам дека момците ќе се справат со притисокот и желбата да успех, а секогаш сум претпазлив од она што не очекува ,знаејќи го нашиот нашиот менталитет“, изјави Лазаров.
Натпреварот што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20,30 часот.





































