Ракометарите на Алкалоид несомнено ќе имаат огромна поддршка од трибините во реванш финалниот дуел со АЕК во Европската лига.
Победата во Атина со четири гола разлика ветува дека Алкалоид може да го направи историскиот успех.
Иван Галевски посака публиката да биде осмиот играч на тимот од Автокоманда.
„Знаеме со каков противник имаме работа. Тоа е тим составен од искусни играчи добро познати во светскиот ракомет.
Иако имаме плус четири од претходниот натпревар нема да ни биде воопшто лесно, поради тоа што знаеме каква екипа доаѓа доаѓа во Скопје.
Сепак, имаме предност не само резултатска туку и онаа што ја немавме на гостински терен а, тоа е нашиот осми играч публиката.
Знам дека ако сме добри и ако го спроведеме тоа што ни кажува Кире можеме да се радуваме и да го кренеме европски трофеј.
Тоа не е мала работа, туку огромна за нас како клуб кој постои веќе четири години, но и за македонскиот ракомет воопшто, изјави Галевски.
Сепак, и противникот ќе има своја поддршка.
Како што информираа од Алкалоид, најавено е доаѓање на околу 200 навивачи на АЕК, но тоа грчкиот тим допрва треба да го потврди.
Дуелот Алкалоид – АЕК ќе се игра во недела од 20.30 часот.





































