Ракометарите на Алкалоид се пред историски успех, по само три години постоење на клубот, да освојат трофеј на европската сцена.
Ова по фантастичниот настап на првиот меч финален меч од Европскиот Куп, Алкалоид во Атина го победи АЕК со 29-25. Тимот предводен од Кирил Лазаров сега го делат уште 60 минути до освојување на трофејот.
Во недела на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се игра реванш натпреварот, по кој овие млади ракометари, но и целата македонска јавност може да се радуваат заедно.
Дополнителен мотив треба да бидат навивачите, кои се очекува да ја исполнат салата и да бидат дополнителен мотив за ракометарите.
Картите за реванш дуелот ќе бидат пуштени во продажба денеска (13 часот) на платформата на МКТикетс. Цената на билетите ќе биде по 200 и 300 денари.
Неделниот дуел меѓу Алкалоид и АЕК во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20.30 часот.
 
             
		