Во 19 коло од плеј-офот кај дамите екипата на ракометарките наВардар го пречека тимот на Астибо. Вардарки убедливо го совлада штипскиот клуб со 49:27 во натпревар во кој доминираа од самиот почеток до крај.
Вардарки го отворија натпреварот со силно темпо, поведувајќи со 6:1 уште во раната фаза од првото полувреме. Астибо успеа да ја намали разликата на 8:4, но домаќинките брзо ја вратија контролата и не дозволија натпреварот да се изедначи. Во 16-тата минута Вардар веќе водеше со +6 (13:7), а со серија од 6-0 ја зголеми предноста на 22:11. На полувреме, резултатот беше убедливи 26:15 во корист на домаќинките.
Во второто полувреме, Вардар продолжи со истата игра и ефикасност. Со нова серија од 10-1, резултатот се искачи на 35:18, практично решавајќи го победникот. До крајот натпреварот се одигра рутински, без поголеми промени, а конечниот резултат од 49:27 ја одрази целосната доминација на Вардар на теренот.
Најефикасни од домашната екипа беа Миленковска со девет и Голабоска со шест, додека од Астибо Анчева и Вучевска со десет.
Ивона Кимовска





































