Во машката кошаркарска Првата лига, екипите на ТФТ и Работнички, попладнево ќе го играат вториот полуфинален натпревар.

Екипата на ТФТ во него ќе влезе со предност од 1:0 во победи откако пред три дена славеше во драматичен натпревар во кој беа одиграни и дополнителни пет минути.

Како ќе биде попладнево во СЦ „Кале“ ќе видиме во дуелот што ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).

Потсетување дека пласман во финалето ќе обезбеди тимот што ќе оствари три победи.

А, на еден чекор до него е актуелниот шампион МЗТ Скоп Аеродром кој вчера втор пат го совлада МКК Куманово.