Кошаркарите на ТФТ и втор пат славеа победа во полуфиналето од плеј-офот против Работнички.

Повторно пред своите навивачи во СЦ „Кале“ ТФТ го совлада Работнички за водство од 2:0 во серијата што се игра до три победи.

Работнички одлично го отвори натпреварот и брзо создаде двоцифрена предност, а најголемата беше 14 поени (5-19). Сепак дој крајот на четвртината, предвидена од Говенс, домаќините успеаја да намалат на -8 (16-24). По ист терк мина и вториот квартал во кој Работнички имаше и +13, а со серијата од 5-0, ТФТ на пауза замина со -5 (32-37).

Второто полувреме далеку подобра игра на домашниот тим.

Во 26.минута, ТФТ за прв пат го израмни резултатот 44-44, а веднаш потоа и поведе (46-44). Ташовски блесна во овој период од играта, па во последната четвртина, ТФТ влезе со осум поени предност 56-48. Избраниците на Боро Смилковски постојано ја одржуваа позитивата и покрај сите обиди на противникот, На крајот ТФТ славеше со 71-59.

Ташовски со 20 поени беше прв стрелец во победничката екипа. Говенст додаде 17, а Герет Браун заврши со дабл-дабл со 13 поени и 10 скокови..

На следните два натпревари во серијата подобар до три победи, домаќин ќе биде Работнички, а ТФТ ќе ја има првата шанса за финале.