Сезоната во македонскиот фудбал полека завршува. Денеска ќе биде доделен и првиот трофеј и тоа во женскиот фудбал.
Имено фудбалерките на Љуботен и Брера Тиверија ќе се борат за пехарот во Купот на Македонија.
19-то финале од Купот во женска конкуренција ќе се игра попладнево од 14 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во Скопје.
Фудбалерките на Љуботен ќе го брани пехарот што го освојуваа во претходните две сезони, во кои во финалињата беа подобри од Каменица Саса.
За екипата на Брера Тиверија, ова ќе биде четврто финале, во кое ќе се обидат втор пат да триумфираат. Во претходните три оваа екипа само еднаш се радуваше и тоа во 2018 година.
Која екипа ќе се радува денеска ќе може да гледате ВО ЖИВО ОВДЕ