Претпоследната рунда во Првата фудбалска лига носи само четири натпревари. Имајќи во предвид дека дилемите за врвот на табелата се разрешени, она што останува да го дознаеме, кој е тимот што ќе игра бараж за опстанок.

Три тима се во опасната зона. Сепак Тиквеш е во поповолна ситуација од конкурентите АП Брера и Беса.
Кавадарчани во оваа рунда влегуваат со два бода повеќе од струмичани, а три од Беса која ќе прокнижи службени три бода.

На Тиквеш во последните две рунди потребен му е само еден бод за да го осигура опстанокот. Kавадарчани имаат подобар скор од конкурентите.

АП Брера во дуелите со Струга ТЛ денеска и во последното коло со Работнички, мора да освои три бода.

Исходите од денешните дуели на Чаир и во Струга со нетрпение ќе ги чекаат фудбалерите на Беса. По нив, екипата од Добри Дол ќе знае на што е и дали во последната рунда воопшто има шанси да го избегне баражот.

На останатите два натпревари денеска, Силекс е домаќин на Пелистер, а во скопското дерби Работнички го пречекува Вардар.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА