Ракометната репрезентација на Македонија избори учество на ново Европско првенство откако во последниот натпревар од група 1 во СЦ „Јане Сандански“ ја совлада Литванија (директниот конкурент) за второто место со 26:17 (13:11). На Македонија и беше потребна победа од два разлика за продолжување на низата и учества на големите натпреварувања од 2012 година. Ова за Македонија ќе биде деветто учество на Европско првенство за Македонија.

Почетокот на натпреварот не беше како што посакуваа македонските ракометари кои беа во негатива од четири голови и Литванија имаше водство од 4:0, а притоа ние првиот гол го постигнавме од седмерец. Полека македонските ракометари ја намалуваа предноста на ривалот, а првото изедначување стигна во 18.минута – 7:7. Во 22.минута Македонија го имаше првото водство од 9:8. Во тој период одличен на голот беше голманот Томовски, кој го замени Митревски.

Во вториот дел Македонија во одбраната беше цврста и гранитна, а противникот тешко доаѓаше до гол и во вториот дел противникот постигна само шест голови. Македонија беше разиграна и борбена и пред се ефикасна за убедлива победа.

Капитенот Кузмановски и Серафимов постигнаа по 5 голови, а Томовски имаше 11 одбрани.

Во вториот натпревар од групата Словенија ја победи Естонија со 36:30.

Табела: Словенија 12 бода, Македонија 6, Литванија 6, Естонија 0.

Словенија и Македонија како две првопласирани репрезентации од групата обезбедија пласман на Европското првенство.