Екипата на Денвер ја оствари втората победа против Оклахома во полуфиналето на западот од НБА плеј-офот.
Нагетс сега водат со 2-1 во победата откако пред своите навивачи ноќеска славеа по продолжение со 113:104.
Тие ја преживеа полошата ноќ на Никола Јокиќ и најдоа начин да победат. Тандер шутираа само 26 проценти од линијата за три поени и под 40 проценти од полето вкупно.
Денвер за продолжението се избори благодарение на тројката на Арон Гордон на 27 секунди пред крајот. Во него, Тандерси постигнаа само два поени, па поразот беше неизбежен.
Најдобри за Нагетсите беа Џамал Мареј со 27 поени и осум асистенции, Гордон со 22 поени и осум скока, Мајкл Портер со 21 поен и осум скока. Никола Јокиќ заври со дабл-дабл со 20 поени, 16 скока, но шутираше 0 од 10 за тројки.
И на саледниот натпревар Денвер ќе биде домаќин.