Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа ја почнаа полуфиналната плеј-оф серија против екипата на МКК Куманово.

Во првиот меч одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ пред своите навивачи, МЗТ го совлада Куманово со 81-64 .

Aеродромци фаворитската улога ја потврдија уште во првото полувреме кое го добија со 25 поени разлика 52-27. Вториот дел беше само чиста формалност за на крајот сино-белите да слават со 17 поени разлика. Најефикасен во победничката екипа беше капитенот Дамјан Стојановски со 18 поен, додека капитенот Бојан Крстевски додаде 15 .

И следниот натпревар, во серијата подобар до три победи, ќе се игра во Скопје веќе во вторник.

За утре во СРЦ „Кале“ е закажана е првата полуфинална пресметка меѓу ТФТ и Работнички во терминот од 18 часот.