Кошаркарите на Маџари и МЗТ Скопје У.Б., по само два одиграни натпревари, ја минаа првата рунда од плеј-офот во Втората лига.
И во реванш четвртфиналните дуели двете скопски екипи славеа победи над противниците од охридското крајбрежје. Тимот на Маџари до втората победа над Охрид стигна на гостински терен со 97-67. Аеродромци пред своите навивачи го совладаа струшкиот Црн Дрим.
Токму овие два тима, Маџари и МЗТ Скопје У.Б. ќе го сочинуваат и првиот пар за полуфиналето.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат подобрите од останатите два денешни дуели, во кој гостинските екипи имаат предност од 0:1 во победи.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – Реванш
СРЕДА
ОХРИД – МАЏАРИ 67-97 (0:2 во победи)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ЦРН ДРИМ 77-65 (2:0)
19:00 БУТЕЛ – СОКОЛИ (0:1)
19:30 БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ (0:1)
Во полуфиналето ќе играат победниците од дуелите 1 и 4 односно 2 и 3.
(1) Маџари / Охрид – (4) Црн Дрим / МЗТ Скопје У.Б.
(2) Ангели / Борец Баскет – (3) Соколи / Бутел