Во Втората македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни натпреварите од 28-то коло. Четирите првопласирани екипи кои се во трка за прволигашки стратус, забележаа победи.
Лидерот на табелата, Македонија Ѓорче Петров славеше во Неготино кај Вардар со 4-1. На гостински триумф во Велес се радуваше и второ пласираниот Арсими, како и Башкими кој го совлада Кожув во Гевгелија. Единствено пред своите навивачи победа оствари штипска Брегалница во дуелот со Беласица.
И по оваа рунда разликата останува иста. „Лавовите“ од Ѓорче имаат два вода предност пред Арсими, а три повеќе од Башкими. Штипска Брегалница заостанува во трката и тоа за пет бода во однос на трето рангираниот тим и местото што води во баражот.
До крајот на сезоната остануваат уште две кола на 10 и 17 мај.
ВТОРА ЛИГА – 28 КОЛО
ВАРДАР Неготино. – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4
БОРЕЦ – АРСИМИ 2-4
КОЖУФ – БАШКИМИ 1-2
БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА 1-0
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ОХРИД ЛИХНИДОС 3-2
СКОПЈЕ – ПОБЕДА 0-0
ОСОГОВО – НОВАЦИ 2-0
ВАРДАРСКИ – КАМЕНИЦА САСА 1-4
ТАБЕЛА: Македонија Ѓ.П. 63 бодови, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55 …




































