Јасно е дека двете првопласирани екипи од Втората ќе играат во Првата македонска фудбалска лига. Четири тима се во конкуренција, но по денешните натпревари, штипска Брегалница е се подалеку.
Штипјани заостануваат пет бода зад трето пласираниот Бапки ми кој со сомнителен гол во судиското дополнение его совлада Кожув со 1:2 на гостински терен.
Но, очигледно не е спорен само голот, туку има и други заткулисни игри. Ова на кратко е констатацијата од соопштението кое премалку го објави Фудбалската федерација на Македонија.
Од ФФМ се сомневаат и најавуваат казни за „местачите“.
Во продолжение, Ви го пренесуваме целосното соопштение на ФФМ.
Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.
Она што го видовме е срамно и неприфатливо.
Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.
Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.
Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.
Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.
ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.
Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.
Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог.




































