Во Втората машка кошар се одиграа првите натпревари од четвртфиналната рунда од плеј-офот. Екипите на Маџари, Ангали и Соколи, кои регуларниот дел од сезоната го завршија на првите три позиции, славеа победи пред своите навивачи. Единствената на гостински терен ја остварија играчите на вториот тим на МЗТ Скопје УБ и тоа во Струга.

Најубедлив беше составот на Маџари кој со 23 разлика го совлада Охрид. Во Шип, Соколи во последниот период го скршија отпорот на Бутел. Со кош со звук на сирената Ангели славеше со поен разлика над велешки Борец.

Онаму и каде се очекуваше да биде нај израмнето, томот на МЗТ Скопје УБ го победи Црн Дрим, а па со брејк, ќе го дочека реваншот на домашен терен.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(1) МАЏАРИ – ОХРИД 89-68 (1:0 во победи)
(2) АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 79-78 (1:0)
(3) СОКОЛИ – БУТЕЛ 88-77 (1:0)
(4) ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 88:91 (0:1)

Реванш натпреварите ќе се играат во среда, во Охрид, Велес и Скопје. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите кои ќе остварат две победи.