Екипата на Денвер Нагетс е третата што обезбеди полуфинале во Западната конференција од НБА плеј-пфот.

Денвер го доби решавачкиот седми натпревар против ЛА Клиперс со 120:101 и со 4-3 во победи ја затвори серијата.

Иако не беше најефикасниот играч во Денвер, Никола Јокиќ вообичаено беше клучниот фактор. На Србинот му фалеа два скока за троен ефект, а натпреварот го заврши со 16 поени со десет скока и осум асистенции.

Поефикасни од него беа Арон Гордон со 22 и Кристијан Браун со 21 поен и пет скока.

Денвер за противник во полуфиналето на западот ќе го има најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната во целата лига Оклахома Сити Тандер.

Серијата подобар до четири победи ќе почне со два натпревари во Оклахома Сити, во вторник во 3.30 часот наутро.