ВО триесеттата рунда во Првата македонска фудбалска лига за денеска закажани се четири натпревари. Сепак, два од нив ќе го носат приматот дерби, а дали ќе се одиграат сите останува да се види!?

Во Скопје кај трето пласираниот Работнички гостува Силекс кој е на второто место на табелата. Бодовната разлика меѓу овие два клуба е само +4 за кратовскиот тим.

Во второто дерби, шампионот Струга Трум Лум го пречекува лидерот Шкендија. Тетовци во овој меч ќе сакаат да им се реваншираат на стружани за елиминацијата во полуфиналето на купот.

Во Гостивар, ќе гледаме директна битка за опстанок на Беса и АП Брера.

Ако останат доследни на вчера најавеното, фудбалерите на Гостивар денеска нема да го одиграат дуелот со Пелистер. Имено гостиварци како и претходно Воска спорт, најавија повлекување од понатамошниот тек на првенството.

Така кавадаречки Тиквеш и битолски Пелистер ќе се заработат службени три бода.

Потсетување дека вчера својот натпревар од оваа рунда го одиграа Шкупи и Вардар, а победа славеа вардарци.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА