Откако вчеравечер го добивме шампионот на Македонија во женското сениорско одбојкарско првенство, викендов ќе ги дознаеме оние во младинска конкуренција.

Имено, во СЦ „Јане Сандански“ денеска и утре ќе се играат завршните натпревари во машка и женска младинска конкуренција. Најдобрите осум екипи, по четири во секоја конкуренција, ќе се борат за шампионскиот пехар.

На првиот натпреварувачки ден (сабота), програмата стартува во 11 часот со првиот полуфинален дуел во женска конкуренција меѓу Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје. Во вториот меч ќе играат Газели Волеј и Наковски Волеј, од 13:30 часот. Последен натпревар од 16 часот денеска е мечот за 3.место во машка конкуренција меѓу Весна Пробиштип и Работнички 71&22.

Во недела, натпреварите стартуваат од 11 часот со дуелот за трето место во женска конкуренција. Потоа од 13:30 часот ќе се игра финалето кај младинките, додека од 16 часот е финалето кај младинците. Во него за шампионскиот трофеј ќе се борат екипите на Струмица и Борец.

Вратите во салата „Јане Сандански“ ќе бидат отворени за оние кои ќе сакаат викендов да им дадат поддршка на одбојкарските надежи. Воедно натпреварите ќе може да се следат и низ директни ТВ преноси на МРТ3 (овде)