Екипата на Куманово е третиот тим што обезбеди пласман во полуфиналето на кошаркарскиот плеј-оф. Кумановци им се приклучија на МЗТ Скопје и ТФТ, а последниот патник ќе го даде мајсторката меѓу Работничлки и Пелистер.

Ова е епилогот по одигрувањето на денешните четвртфинални дуели во Гевгелија и Битола.

Во нив, МКК Куманово до третиот триумф на гостувањето кај Кожув стигна со победата од 82-67 и со 3:1 ја затвори серијата. Урош Луковиќ со двојниот ефект со 25 поени и 13 скока, беше првото име во победничката екипа.

Куманово за противник во полуфиналето ќе го има шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Составот на ТФТ ќе мора да почека да го дознае својот полуфинален ривал. Пелистер или Работнички тоа ќе го решат во мајсторката во среда.

Вечерва Пелистер пред своите симпатизери славеше со 85-67 и израмни на 2:2 во победи. Бобан Стајиќ беше прв стрелец со 21 поен, Мишковиќ постигна 17, а Галовеј заврши со дабл-дабл со по 15 поени и скови.