Три годишната доминација на одбојкарките на работнички заврши вечерва. По трите врзани шампионски титули, Работнички го предаде приматот првак на Македонија на Јанта волеј.
Во третиот натпревар од финалето на плеј-офот, одигран во Кисела Вода, екипата на Јанта волеј славеше над Работнички со 3:1 во сетови.
По сетови резултатот гласеше, 14-25, 35-23, 25-19 и 25-22 .
За тимот од Кисела Вода кој годинава прославува 20 години постоење, ова е четвртиот шампионски трофеј, првак на Македонија.
Овие две екипи доминираат изминатите десет години. Јанта волеј ги освојуваше трофеите 2016, 2018, 2021, а одигра уште три финални серии.
Тимот на Работнички останува на 17-те трофеи, од кои три ги освои во изминатите три сезони (2022, 2023, 2024).