Новиот предводник на мак-баскетот, Томица Главчев во улога на претседател, најави повеќе промени во работата на федерацијата.

Првенствено Главчев ќе ја зголеми транспарентноста во работата на КФМ, па „куќата на кошарката“ ќе биде отворена за секој, а не како досега.

„Можам да ветам дека ќе има транспарентност на највисоко ниво. Приоритет ќе биде посета на сите градови, не само каде се игра кошарка, туку и онаму каде не се игра.

Мора да ја смениме стратегијата за сите репрезентации, не само сениорските, туку и младинските. Тоа мена да го направиме само со именување на селектори, туку мора да имаме пристап во секој сегмент и од секој аспект“.

Новиот претседател Главчев размислува и за промена на постоечкиот системи на натпреварување, не само во првата туку и останатите лиги. Воедно, за следното собрание, најави и разгледување на бројот на странци.

„Кога станува збор за бројот на странците, сакам тоа да го решиме на следното Собрание, да ги слушнеме сите анализи и да донесеме конечна одлука.

Зборувавме со прволигашите, но и второлигашките екипи, за системот на натпреварување. Ќе направиме сериозна анализа , на одлуките ќе ги донесеме заеднички, не само ние како федерација. Можеби следната сезона нема да го направиме тоа, но ви ветувам дека ќе го сториме за онаа сезона што ќе следи“, нагласи новиот претседател Главчев.

Во продолжение, целосното обраќање на новиот претседател на КФМ, Томица Главчев, при неговиот избор.