Македонската кошарка од денеска има нов предводник. Времето на Перо Антиќ, кој не се прослави како претседател на федерацијата заврши.
Негов наследник, е бизнисменот Томица Главчев, кој своевремено беше спонзор на Кожув, а потоа ја формира и екипата на Блокотехна од Гевгелија.
Ова е епилогот по Вонредното собрание што се одржа попладнево во Скопје, а кое беше иницирано од мнозинството на клубови. Откако Антиќ не се одважи да одговори на уредно доставено барање, тој денеска не се ни појави на собранието.
Така членките на највисокиот орган на мак-баскетот, лесно и без многу полемики, го изгласаа Томица Главчев за Претседател на КФМ.
На собранието беа присутни 39 од вкупно 50 членови со право на глас.





































