Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, вечерва се одигра три натпревари од четвртфиналето на плеј-офот.

По нив екипата на ТФТ му се приклучија на МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето.

Кошаркарите на ТФТ по три одиграни натпревари си ја завршија четвртфиналната обврска. Тимот од скопската населба Тафталиџе и по трет пат беше подобар од Чаир. Сега на гостински терен ТФТ славеше со 70-64, па ќе го лека епилогот меѓу Пелистер и Работнички.

Зафиров со 14 поени и Николов со 12 поени, беа најдобрите во победничката екипа.

Пелистер и Кожув остануваат во игра

Ќе продолжи борбата меѓу Пелистер и Работнички односно Кожув и МКК Куманово, за место во полуфиналето.

Битолчани пред својата публика вечерва го надиграа Работнички со 101-77 и му се реваншираа за убедливиот пораз во вториот меч.

Шестмина кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени. Најмногу се истакнаа Мишковиќ и Стаиќ кои беа блиску до дабл-дабл. Србинот, Мишковиќ на 27 поени додаде 9 скока, а Стаиќ заврши со 24 поени, 9 асистенции и 7 скока. Американецот, Антони исто така броеше над дваесет, односно постигна 21 поен.

Сега предноста на Работнички е 1:2 во серијата подобар до три победи. Пелистер пак ќе мора да го добие и следниот меч (сабота/недела), пак пред својата публика, за да избори мајсторка“.

Во својата прва сезона во прволигашкото друштво МКК Куманово предводен од екс-селектор Марин Докузовски е вистински хит. Кумановци пропуштија голема шанса во третиот дуел против Кожув одигран во Гевгелија да го потврдат пласманот, меѓу четирите најдобри.

Имено кумановската екипа имаше предност до самиот финиш на регуларниот дел кога домаќините со тројка стигнаа до израмнување 76-76. Во продолжението гевгеличани имаа повеќе нерви, па го добија мечот со 90-86. Со тоа Кожув ја намачија предноста на противникот на 1:2 во победи.

И следниот натпревар во серијата што се игра на три добиени, ќе се игра во Гевгелија. Евентуалната „мајсторка“ би се играла во Куманово.