Одбојкарките на Јанта волеј ја остварија втората победа против актуелниот шампион Работнички во финалето, односно разигрувањето за титулата.

Како и на претходните натпревари, така и овој, мина со големи возбудувања, борба за секој поени и неизвесното. На крајот се радуваа одбојкарките на Јанта кои го добија мечот со 3:1 во сетови.

Израмнето се играше во поривот сет до 15-15, кога домашните одбојкарки врзаа три поени во низа за 19-16. Домаќинките не успеаја да ја сочуваат предноста, напротив, Јанта волеј израмни, а потоа и поведе со 23-24. Гостинките имаа шанса и да го освојат сетот, но тимот од Кисела Вода не искористи две сет топки. Затоа Работнички не ја пропушти шансата, па со 27-25 го реши во своја полза, за водство од  0:1 во сетови.

Во вториот сет „предизвикувачот“ Јанта волеј, започна одлични и имаше и најголеми 14 поени предност. Оваа шанса не ја пропуштија гостинките, го добија сетот со 13-25 за израмнување на 1:1.

И во третиот сет иста слика како во вториот. Израмнето само на почетокот до 3-3, па серија четири од поени за гостинките. Тимот на Јанта само ја зголемуваше предност за на крајот сетот да биде 17-25, за водство од 1:2.

ФОТО | МАТЕЈЧО

Сепак, актуелните шампионки не се откажаа така лесно. Имаа и 3-4 поени предност гостинките, но Работнички успеаја да се вратат во игра и израмнат на 16-16. Предводени од расположената Мери Бошковска, Следуваа пет поени во низа на екипата од Кисела Вода и водство од 16-21. Таа шанса тимот на Јанта волеј не ја испушти го доби сетот со 18-25, а мечот со 1:3.

Третиот натпревар ќе се игра на теренот на Јанта волеј, во Кисела Вода, во петок од 20.30 часот. Шампионскиот трофеј ќе го освои екипата што прва ќе дојде до три победи, а првата од трите шанси ќе ја имаат одбојкарките на Јанта волеј.

ФОТО | МАТЕЈЧО