Одбојкарките на Работнички и Јанта волеј го играат вториот меч од финалето на плеј-офот во домашното првенство.

Гостинскиот тим на Јанта волеј во овој натпревар влегува со предност од 1:0 во победи, откако по голема борба и со пресврт со 3:2 го доби првиот меч.

Сега актуелниот шампион Работнички ќе ја има поддршката од трибините и ќе се обиде да го израмни резултатот.

Финалната серија се игра во три добиени натпревари.

Денешниот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 17.30 часот, со ТВ пренос на МРТ3 (овде).