Ракометарите на Алкалоид испишаа историја со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп.
Сега избраниците на Кирил Лазаров ќе се обидат на направат и чекор повеќе односно да го освојат трофејот. За тоа, тие ќе мора да бодат подобри во двомечот со грчкиот АЕК.
Денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ режи, Алкалоид да ја има улогата на гостин на првиот меч.
Првиот меч во Атина ќе се игра на 17 или 18 мај, а реваншот во Скопје ќе биде седум дена подоцна 24 или 25 мај.
Инаку тимот на АЕК во 2021 година го освои трофејот во ова натпреварување, добивајќи го двомечот со шведскиот Истадс.
 
             
		