Бранителот на пехарот во Купот на Македонија екипата на Алкалоид е последниот четврти полуфиналист во годинашново издание, откако вечерва во „финалето“ во групата 1 го совлада тимот на Пролет со 42:20 (18:12).
Претходно во првите дуели од групата Алкалоид со 37:12 го совлада Мулти Есенс, а Пролет со 43:28 беше подобар од Партизан 2016 Спорт од Гевгелија.
Натпреварот беше неизвесен само во првите 15 минути кога двете екипи се менуваа во водство, а резултатот во тој период беше нерешен дур осум пати. Алкалоид потоа направи серија од 10-2 за предност од 17:10.
На почетокот на вториот дел по серијата од четири голови Алкалиид стигна до +10 (22:12) со што ја најави двоцифрената победа.
Покрај Алкалоид полуфиналисти се уште екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.
Точниот термин на завршницата на Купот ќе биде одредена дополнително бидејќи поради настапот на Алкалоид во финалето на Европскиот куп со АЕК нема да може да се игра во предвидениот термин од 15-18.мај.
Најверојатно натпреварите ќе бидат закажани за 31.мај и 1.јуни.





































