Откако вчера Вардар и Беса го отворија 29.коло во ПМФЛ, денеска ќе се играат нови четири натпревари. Три од нив го носат приматот дерби.
Навидум најинтерсено се очекува да биде во Кратово. Таки второ пласираниот Силекс го пречекува актуелниот шампион Струга Трим Лум кој влегува во посакуваната форма, а со пласманот во финалето на Купот има и поголема мотивација.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, дуел на четврто и трето пласираните екипи на табелата. Гостивар во директна пресметка со Работнички ќе се обиде да ги сочува шансите за позицијата што води на европската сцена. „Романтичарите“ пак, веројатно би биле задоволни и со „реми“ со кое ќе ја одржат предноста од четири бода во однос на конкурентот.
Овој натпревар, како и дуелот во Тетово каде водечката Шкендија го пречекува Шкупи ќе се играат без присуство на публика.
Во последниот денешен меч, во Битола, екипата на Пелистер го пречекува кавадаречки Тиквеш кому победа би му била злато вредна.
Иако за утре беше закажан последниот натпревар од ова коло меѓу АП Брера и Воска спорт, тој нема да се одигра. Причината, повлекувањето (откажување) на охриѓани од понатамошен настап во првенството.
Сите денешни натпревари почнуваат од 16 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА 
             
		