Фудбалерите на Вардар ја впишаа деветтата сезонска победа во Првата македонска лига, па сега се шесто пласирани.

Во воведниот натпревар од 28.коло одигран попладнево во Скопје, Вардар ја победи Беса со 3-1.

Капитенот Горан Закариќ беше двоен стрелец за вардарци. Првиот гол го постигна во 45.минута од пенал, а вториот во 58-мата за 2-0. Гостите намалија во во 69.минута преку Стојановски, но само две минути подоцна Мато погоди за 3-1.

Со оваа победа Вардар сега е шести со 35 бодови, два повеќе од Шкупи кој падна место подолу. Чаирчани утре ќе го играат својот натпревар од ова коло, а гостуваат кај водечката Шкендија.

Покрај дуелот во тетово ќе се играат и натпреварите во Кратово, Битола и Скопје. Два дуели се дерби, Силекс – Струга ТЛ и Гостивар – Работничлки, а интересно се очекува да биде и на мечот пелистер – Тиквеш.

Натпреварот меѓу АП Брера и Воска спорт што беше закажан за во понеделник нема да се одигра. Ова откако Охриѓани денеска информираа дека истапуваат од лигата и дека нема да се натпреваруваат повеќе.

ФОТО | MATEЈЧО

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА