Продолжен викенд, почнувајќи од денеска па до понеделник, носи 29.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Програмата попладнево ќе ја отворат Вардар и Беса со дуелот што ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.
За утре закажани се четири натпревари, меѓу кои два дери дуели.
Во Кратово кај второ пласираниот Силекс гостува шампионот Струга Трим Лум кој е на петтото место на табелата. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, пред празни трибини ќе играат Гостивар и Работнички кои се на четвртото и третото место.
Публика ќе нема ниту во Тетово каде водечката Шкендија го пречекува Шкупи. Неделната програма го носи и дуелот во Битола, каде Пелистер ќе го пречека кавадаречки Тиквеш.
Ова коло ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот во Струмица меѓу АП Пандев и Воска спорт.
Сите натпревари ќе почнат од 16 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
































