Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога на првиот од трите четвртфинални турнири во Купот на Македонија.
Вардарци гои добија двата натпревари на турнирот во Битола. Прво славеа над Бутел со 33-30, а потоа го совладаа и вториот тим на Еурофарм пелистер со 28-25.
Вардарци како победници од својата група се пласираа на „фајнал-фор“ завршницата закажана за од 15 до 18 мај.
Утре ќе дознаеме уште два тима полуфиналисти, по натпреварите што ќе се играат во Охрид и уште еден во Битола.
Последниот во Скопје (Автокоманда) е предвиден за во вторник. Ова парадни настапот на бранителот на трофејот Алкалоид, во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ
ГРУПА 3
Победник ВАРДАР
ГРУПА 4 – 27.04.2025 – НЕДЕЛА
11:00 ПРИЛЕП – ОХРИД
13:00 ТИКВЕШ–АЕРОДРОМ
19:30 ФИНАЛЕ
ГРУПА 2 – 27.04.2025 – НЕДЕЛА
11:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО
13:30 РАДОВИШ – РК СТРУГА
18:30 ФИНАЛЕ
ГРУПА 1 – 29.04.2025 – ВТОРНИК
13:00 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС
15:30 ПАРТИЗАН СПОРТ – ПРОЛЕТ
20:00 ФИНАЛЕ