Младинската машка Македонска репрезентација летово ја чека настап на Светското првенство за ракометари до 21 година.
Репрезентацијата предводена под селекторот Радослав Стојановиќ изминатите години ни донесе многу радости. Сега ја чека нов предизвик на Мундијалот во Полска.
Селекторот Стојановиќ денеска објави поширок список на 35-мина ракометари кои ќе претендираат за црвено-жолтиот дрес.
Првата проверка, која е дел од подготовките, Стојановиќ ќе ја направи на почетокот на мај месец. Наместо меѓународни, младинците ќе одиграат два контролни натпревари против младински екипи од домашното првенство. На 8 мај е предвиден натпревар против младинската екипа на Бутел, ден подоцна против Вардар или Пролет.
Македонските младинци на Мундијалот ќе играта во Катовице, против врсниците од Романија, Исланд и Фарски Острови.




































