Во второлигашката кошаркарска конкуренција, денеска се одиграа сите натпревари од 21-вото претпоследно коло.

И оваа рунда мина без големи изненадувања. Така водечкото трио , Ангели, Маџари и Соколи славеа победи, додека четврто рангираниот Црн Дрим загуби од МЗТ Скопје У.Б.

До важна победа дојдоа кошаркарите на Охрид во дуелот со велешки Борец со што го потврдија пласманот во плеј-офот. Во прилог на охриѓани дојде и поразот на Водно Санс во Шип кај Соколи, по кој „сонцата“ немаат ниту теоретски пласман за разигрувањето. Тие заостануваат три бода зад Охрид кој е осми, а до крајот на регуларниот дел останува уште едно коло.

Така познати се сите осум екипи што ќе разигруваат за титулата, односно финалето кое води во Првата лига.

Сите натпревари од последното 22.коло ќе се играат во недела, по што ќе бидат познати и двојките за четвртфиналето.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО

МАЏАРИ – МЕГА БАСКЕТ 100-63
АНГЕЛИ – БУТЕЛ 82-70
СОКОЛИ – ВОДНО САНС 111-106
МЗТ СКОПЈЕ У. Б. – ЦРН ДРИМ 81-75
ОХРИД – БОРЕЦ БАСКЕТ 74-69
СТРУМИЦА ФМП – РАБОТНИЧКИ 2018 76-52

ТАБЕЛА: Маџари 38 бодови, Ангели 38, Соколи 38, Црн Дрим 33, МЗТ Скопје У.Б. 32, Бутел 31,Борец баскет 31, Охрид 31, Водно Санс 28, Мега баскет 27, Струмица ФМП 27, Работнички 2018 23