Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со победа ја почна одбраната на титулата во плеј-офот.
Аеродромци пред своите навивачи во ,,Јане Сандански” го совладаа Феникс со 81-58 и поведоа со 1:0 во победи.
Гостите отворија со 0-8 и имаа водство се до петтата минута та кога со тројката на Андоновски, МЗТ прв пат поведе 13-12. Сепак тешко се снаоѓа аеродромци на агресивната одбрана на Феникс. Неколкуте грешки во низа на Петков, резултираа со минимална предност на гостинот 20-21, на крајот на првата четвртина. Го вториот квартал, по израмнетите 24-24, аеродромци направија серија од 12-0 и за прв оат дојдоа до двоцифрена предност 36-24. Со таква предност (+12), МЗТ замина на одмор меѓу двете полувремиња 40-28.
Во вториот дел, искусниот состав на МЗТ само рутински ја одржуваше и зголемуваше двојната предност. На крајот аеродромци славеа со конечни 23 разлика 81-58 .
Прв стрелец во победничкиот тим беше Дамјан Стојановски со 18 , додека Копривата заврши со дабл-дабл со по 15 поени и скокови.
И на следниот натпревар МЗТ ќе ја има улогата на домаќин. Потсетување дека, пласман во полуфиналето ќе обезбеди тимот што прв ќе оствари три победи.
И на другите три натпревари победи остварија домашните екипи.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 1/4 ФИНАЛЕ
МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС 81-58 (1:0 во победи)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 67-64 (1:0),
КУМАНОВО – КОЖУВ 85-73 (1:0)
ТФТ – ЧАИР 85-68 (1:0)




































