По долготрајни бојкоти, штрајкови, преписки, договарања, конечно, од утре продолжуваат натпреварите во македонскиот кошаркарски шампионат.

Имено за утре се закажани сите четири дуели од првата плеј-оф рунда во Првата лига.

на програмата се првите натпревари од четвртфиналето, што се игра во три добиени натпревари (2-2-1 / дома-гости-дома).

Токму со дербито на оваа рунда меѓу Работнички и Пелистер ќе почне разигрувањето за титулата. Овој натпревар ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Во ист термин ќе се играат трите останати натпревари во Куманово СЦ „Кале“ и „Јане Сандански“. Во нив Куманово го пречекува Кожув, ТФТ е домаќин на Чаир, а шампионот МЗТ Скопје на Феникс.

ПРВА ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ – 1/4 финале (прв натпревар)

Среда / 23 април
16.30 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
19.00 КУМАНОВО – КОЖУВ
19.00 ТФТ – ЧАИР
19.00 МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС

ПРВА ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ – 1.КОЛО

Среда / 23 април
17.00 ТИКВЕШ – ВАРДАР
17.00 ГОСТИВАР – ШКУПИ

Инаку од Федерацијата денеска излегоа со соопштение, во кои информираа дека судиите ќе почнат да ги исплаќаат. Тоа ќе се случи во текот на оваа седмица, а согласно роковите од Судиската организација.

Но, од КФМ, потенцираа дека исплатата на долговите за Првата лига, ќе бидат исплатени кога клубовите ќе ги подмират своите обврски кон федерацијата.