Во НБА лигата ноќеска се доиграа два натпревари до првата рунда на плеј-офот, во кои гостите славеа победи.

Лос Анџелес Клиперс победувајќи го Денвер со 105:102 стигна до израмнување на 1:1 во победи во серијата подобар до четири.

Клиперси до победата ги предводеше Кави Ленард со 39 поени, а одлична партија имаше и Хрватот, Зубац кој оствари двоен учинок со 16 поени со 12 скока. Бадијала остана трипл-даблот на Никоја Јокиќ со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Сега серијата се сели во ЛА каде ќе се играат два натпревари, а следниот е во петок.

„Брејк“ на направија и кошаркарите на Детроит кои во Њујорк ги совладаа Никси со 100-96, за израмнување на 1:1.

Кејд Канингем одигра феноменален натпревар со 33 поени, 12 скока, а го надополнија Шредер со 20 поени и Харис 15 поени и 13 скока и Дурен 12 поени и 13 скока.

Кај поразениот Њујорк, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Џејлен Брунсон со 37 поени

Серијата се сели во Детроит.