Требаше да биде празнично Велигденско првенствено коло, но 28-та рунда во ПМФЛ повеќе наликува на ЦИРКУС отколку фудбал.

Натпреварот во Охрид не го дочека својот крај. Воска спорт ја повлече екипата, незадоволна од одлуката судиите да го признаат израмнувачкиот гол на Вардар.

Повеќе од јасно е дека Вардар со службен резултат 0-3 ќе го добие мечот, а какви казни ќе добие Воска спорт, останува на дисциплинската комисија.

Дербито во Струга меѓу Трим Лум и Гостува заврши „мирољубиво“ 1-1. Но, не беше така по завршувањето на мечот. „Третото полувреме“ донесе физички пресметки меѓу гостинските фудбалери и дел од службените редари, но и полицајци. Неофицијално, приведени се неколку фудбалери на Гостивар.

На дуелот во Чаир, каде Силекс со пресврт го победи Шкупи си 1-2, домаќините се жалат на не регуларен гол на кратовци за израмнување.

Првиот на Георгиевски во 62.минута беше од сомнителна офсајд ситуација, но и покрај реакциите на домаќините голот беше признат.

Ова се само дел од засега забележаните очајни ситуации кои се случија во оваа рунда, а ги имаше и премногу во минатите.

Сето тоа ги одвраќа, па и брка и онака малубројните љубители на фудбалот, од стадионите ширум државата.