Фудбалерите на минхенски Баерн целиот гнев за елиминацијата во Лигата на шампионите го истурија над Хајденхајм.

Во натпревар од 30коло на Бундес лигата, Баерн како гостин го совлада Хајденхајм со 4-0.

Стрелци на головите за Баварците беа: Кејн (13.минута), Лајмер (19), Коман (36) и Кимих (56).

Сега Баерн има 72 бодови, девет повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен (63). Тимот од Леверкузен утре ќе го игра својот меч против Сент Паули на гостински терен.

До крајот на првенството остануваат уште четри кола.