Сагата на одложување на натпреварите во мак-баскетот, продолжува со нов „ултиматум“ од страна на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).
Имено до клубовите должници денеска е упатено писмо во кое се бара да ги подмират своите долгови кон федерацијата. Оттаму пак треба да бидат исплатени и судиите, кои оправдано си ги бараат средствата.
Имено, екипите кои нема да ги подмират своите обврски до 23 април, ќе бидат суспендираа, односно ќе го загубат натпреварот со службен резултат.
До некаде федерацијата е во право, но зошто до сега се чекаше да се спроведе оваа решение. Од КФМ одамна објавија дека клубовите должат над 200.000 евра!? Зошто и кој толерирала ваква „анархија“ досега!?
Иако, по вчерашниот состанок на претставниците на Здруженијата на клубовите, судиите и МКФ, се очекуваше брзо продолжување на шампионатот, очигледно тоа тешко ќе се случи.